Press release

Македонија објави извинување за вклученоста во тортура од страна на ЦИА (Централната разузнавачка агенција)

Date
April 03, 2018
Contact
Communications
media@opensocietyfoundations.org
+1 212-548-0378

ЊУЈОРК—Македонија официјално му се извини на човекот што противправно го зароби, го држеше во изолација, и потоа го предаде на Централната разузнавачка агенција на САД пред 14 години, за време на тајната програма на ЦИА за предавање на лица осомничени за тероризам и тортура, којашто започна по нападите врз САД на 11 септември 2001 година.

Македонската полиција го уапсила германскиот државјанин Калед Ел Масри (Khaled El-Masri) на македонската граница на 31 декември 2003 година, и тајно го испрашувала во текот на три седмици. Потоа, го израчила на агенти на ЦИА, коишто го однеле во Авганистан, каде што бил затворен речиси четири месеци во нехумани услови, а потоа бил малтретиран во озлогласен центар на ЦИА. Кон крајот на мај, ЦИА го вратила Ел-Масри во Европа, и тој бил оставен покрај пат во Албанија, долго време откако американските власти утврдиле дека уапсиле погрешно лице.

На 31 декември 2012 година, во случајот што Иницијативата за правда при Фондациите Отворено општество го започна во име на Ел-Масри, Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права одлучи дека Македонија прекршила неколку одредби од Европската конвенција за човекови права, и определи отштета од 60 илјади евра, која што владата потоа ја исплати.

Денес, шест години подоцна, во писмо од 28 март 2018 г. упатено до Ел Масри, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го изразува своето „искрено извинување и безрезервно жалење“ за она што тој го опиша како „неправилен однос од страна на нашите власти“ во 2004 година. Исто така, тој ги споменува и „немерливите и болни искуства, и сериозни физички и психолошки рани што ги имате претрпено“, како резултат на тоа.

Џејмс А. Голдстон (James A. Goldston), извршен директор на Иницијативата за правда, изјави:

„Срдечно го примаме извинувањето од владата на Македонија кон Ел Масри и нејзиното прифаќање дека безбедносните сили ја прекршиле Европската конвенција за човекови права. Секако, ова оди подалеку од Соединетите Американски Држави, кои и понатаму одбиваат да посочат некој во ЦИА за одговорен за овој ужасен случај, или да ја признаат неправдата кон Ел Масри, а да не зборуваме за отштета. Меѓутоа, однесувањето за кое станува збор е противправно, а не само „некоректно“, и затоа е потребна детална истрага. Македонија треба да отвори официјална кривична истрага за настанот, или да најде кој е одговорен.“

Ел Масри бил тајно чуван и испрашуван во хотел во Скопје, главниот град на Македонија, повеќе од три седмици. Потоа, тој бил предаден на агенти на ЦИА, коишто со авион го пренеле во Кабул за понатамошно испрашување – процес што вклучувал соблекување, фотографирање и насилно вметнување цевка во неговиот анус. Г-дин Ел Масри бил задржан во Кабул четири месеци и испрашуван во озлогласениот затвор наречен „Солт Пит“. Тој бил пренесен назад во Европа на 28 мај, и оставен покрај еден пат во Албанија. Документите на американската влада покажуваат дека ЦИА била свесна за направената грешка многу бргу откако тој бил фатен, меѓутоа и понатаму го држеле во притвор и го малтретирале повеќе од четири месеци.

Џамил Даквар (Jamil Dakwar), директорот на Програмата за човекови права на американската Унија за граѓански слободи, изјави:

„Срдечно го прифаќаме формалното извинување на Македонија, но сепак тоа е првиот чекор во откривањето на целосната вистина за противправното киднапирање на Ел Масри и неговата тортура. Исто така, тоа е очигледен потсетник за крајниот неуспех на Америка да најде одговорност кај своите службеници за сериозните прекршувања на законите на САД и на меѓународните закони, нешто што е многу важно за спречување слични настани во иднина. Ел Масри заслужува правда и ништо помалку од целосна и транспарентна истрага на оние коишто се одговорни за надзор и спроведување на програмата на ЦИА за предавање на лица осомничени за тероризам и тортура. Исто така, тој заслужува формално извинување и отштета да му помогне него и неговата фамилија повторно да го изградат својот живот.

Во моментов, американската Унија за граѓански слободи го застапува Ел Масри во случај против владата на САД, што сега се разгледува од Интер-американската комисија за човекови права. Исто така, американската Унија за граѓански слободи го застапуваше Ел Масри во тужба пред федералниот суд на САД, што беше одбиена врз основа на објаснување дека со случајот би се откриле „државни тајни“.

Во 2014 година, во извештај на Комисијата за разузнавање при Сенатот на САД за програмата за тортура на ЦИА се потврдува дека Ел Масри бил заробен по грешка и дека ЦИА се обидела да ги сокрие грешките и да ја избегне одговорноста за истите. Во декласифициран извештај на генералниот инспектор на ЦИА детално е опишана истоштувачката тортура на која бил изложен Ел Масри, како и очигледното игнорирање на неговото физичко и ментално здравје додека бил во затвор.

Related Cases

Related Work

Get In Touch

Contact Us

Subscribe for Updates About Our Work

By entering your email address and clicking “Submit,” you agree to receive updates from the Open Society Justice Initiative about our work. To learn more about how we use and protect your personal data, please view our privacy policy.